www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Апел за помош за Прилепско езеро
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=109&t=7002
Страна 12

АвторCOLON  Божо [Нед Oкт 28, 2018 5:52 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Апел за помош за Прилепско езеро

Прилепското езеро е едно од постарите езера во Македонија, изградено е во 1969 година за наводнување на тутунот во Прилеп. Највкусната риба од речиси цела Македонија ја има на тоа езеро. Низ годините се имаат одржувано натпревари, купови, такмичења и сл, и езерото важи за место каде само големите мајстори знаат да ловат. На езерото последното порибување било господ знае кога, но сепак има многу риби. Од риби има црвеноперка, премногу костреж, крап, карас, штука, плашица, сом и др. Годинашниот мрест беше еден од најуспешните и врие мали рипчиња покрај брегот.
Имаше и некои вакви "планови" од локална самоуправа https://faktor.mk/moderna-vikend-naselb ... chko-ezero.
Е сега, езерото е без концесија и започната е да се испушта водата поради поправка на некој вентил во браната. За рибите никој не му е гајле. Се мрежари на големо, а водата е веќе многу падната. Доколку се испушти водата, рибите одат курбан и на езерото ќе му требаат барем 15 години за да се опорави со рибниот фонд. Начини за зачувување на рибата има, но никој не се замара.
Ако некој знае каде да се обратиме, институција или нешто такво, нека каже ...
Крајот на краиштата, барем да организираме порибување после полнењето, што би требало да биде готово до лето 2019.

АвторCOLON  saso [Пон Oкт 29, 2018 6:31 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Апел за помош за Прилепско езеро

Uffff....
Institucii, mozebi i ke dojdat ednas i tolku a mozebi bas togas nema da ima nisto na ezeroto, koncesioner nema, kako sto se namaluva vodata se pravat idealni uslovi za mrezarenje...
Spored mene morate da ja zemete rabotata vo svoj race.
Organizirajte se, kolu mozete, sto poveke, i pocnete sami da kontrolirate...
Mislam deka toa e edinstvenoto sto moze da go napravite.

АвторCOLON  Божо [Нед Дек 16, 2018 11:00 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Апел за помош за Прилепско езеро

Бидна работата... 80 тони риба отиде курбан.

АвторCOLON  saso [Нед Дек 16, 2018 11:47 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Апел за помош за Прилепско езеро

Ne uspeavte da prefrlite nisto ?
Imase na FB grdi sliki ama pretpostavuvav deka sepak nesto otislo vo druga voda...

АвторCOLON  Филип [Пон Дек 17, 2018 8:57 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Апел за помош за Прилепско езеро

Ништо не е отидено никаде, освен на софра. 100 души го прозваа концесионерот да објави барем една фотографија од “транслокацијата“ на “матиците“, ама до сега никој ништо не виде.

АвторCOLON  Божо [Пон Дек 17, 2018 2:22 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Апел за помош за Прилепско езеро

Абе не е друштвото криво... Од каде да најдат средства? А инаку како што разбрав јас, поголемите риби биле продадени во ресторан, па парите ќе одат за порибување. Луѓе со торби собираа риби.... Ама ајде де, МРФ размислувала за се, зошто да се спасуваат рибите кога идат слави, собиранки, свети Никола е слава на цел Прилеп, треба да се јаде нешто.

АвторCOLON  Филип [Пон Дек 17, 2018 4:28 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Апел за помош за Прилепско езеро

Тоа нема апсолутно никаква врска со МРФ, што и да е направено, си го направил концесионерот.

АвторCOLON  Божо [Пон Дек 17, 2018 9:43 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Апел за помош за Прилепско езеро

Филип НапишиCOLON
Тоа нема апсолутно никаква врска со МРФ, што и да е направено, си го направил концесионерот.
Jас не го бранам концесионерот воопшто, баш мислам и дека не го чуват езерото добро, ама ви случаjов, од каде да наjде друштвото пари за да ги префрли рибите??

АвторCOLON  Филип [Вто Дек 18, 2018 9:09 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Апел за помош за Прилепско езеро

Па не би се согласил баш. Ова е извадок од записник на седница на УО на МРФ (седниците се јавни, не се тајни) на која концесионерот изјавил дека УНДП ќе помогне финансиски (записникот е од 05.11). Откако му било соопштено дека МРФ нема технички капацитет за таква работа, имал еден месец да се обрати до посочените рибници кои се технички опремени за таква работа.

[ img ]

АвторCOLON  Azder [Чет Дек 20, 2018 2:33 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Апел за помош за Прилепско езеро

Kako I za sekoja rabota kaj nas…….taka I za ovaa,najpovikanata institucija/organizacija NEMOZE da pomogne.
Da ne beshe zalno i sramno,ke beshe smeshno

Страна 12 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/