Колеги,
Како што ветивме, со собраните средства од новогодишната лицитација ќе извршиме порибување на повеќе ревири во текот на годинава.
Се консултиравме со повеќето наши членови во однос на локациите кои ќе бидат порибени, а ги земавме во предвид и мислењата на имателите на државни дозволи од лани преку РИБАР 2011.
Порибувањето годинава ќе го започнеме со следните ревири:
1. Река Пчиња - концесионер Пчиња Куманово - 10.000 денари (крап/пастрмка)
2. Река Брегалница - концесионер Брегалница 2011 - 10.000 денари (крап)
3. Река Треска, ревир Треска 3 - реката во моментов не е под концесија, 10.000 денари (пастрмка)
4. Стрежево - концесионер Стрежево, 10.000 денари (крап)
5. Мавровица - 10.000 денари (крап)
6. Река Струмица - ЗСР Елен, рекичето на Касперски - 10.000 денари (крап/пастрмка)
7. Трсино - Здружение Крап Виница - 10.000 денари (крап)
Вкупно 70.000 денари за почеток за пролетно порибување на водите во Македонија.
Бистро