www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 30, 2024 10:53 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONВто Јан 14, 2014 4:27 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
На ден 21.12.2013 со почеток од 16:30 часот во салата Борис Трајковски се одржа годишното собрание на РИБАР 2011.

Пред започнување на работата на Собранието, Оки-рибар беше повторно прогласен за Репортер на годината на форумот на http://www.ribar.com.mk за 2013 година и доби на поклон рибарски чизми.

Сашо го презентираше целокупното работење во 2013 година, со целосен извештај за собрани средства (членарина, донации, средства од државни дозволи и останати приходи), како и сите расходи за 2013 година (порибувања, натпревари, акции).
По презентирањето и кратката дискусија финансискиот извештај за 2013 година беше едногласно усвоен.

Сашо го презентираше во целост и планот за 2014 година.

Со планот за 2014 година, предвидено е РИБАР да учествува на повеќе натпревари:

- Државно првенство во пливка и Супер лига: предвидени средства за поддршка/котизација на екипата(те) 15.000 денари *
- Државно првенство во крапски риболов: предвидени средства за поддршка/котизација за екипите 20.000 денари

* Беше претставена нова екипа која ќе се наптреварува во дисциплината пливка за РИБАР 2011 предводена од Горан Цуцуловски и Марјан Ристиќ

РИБАР 2011 во 2014 ќе ги организира следните купови/дружења:

- Спин дружба Маврово 2014 (одобрен буџет 10.000 денари)
- Крапски куп Црничани Опен 2014 (одобрен буџет 10.000 денари)
- Куп на инвалиди/глувонеми (одобрен буџет 6.000 денари за организација, наградите ќе се обезбедат од спонзорите)
- Мушичарска средба (доколку има интерес од мушичарите, има резервни средства за организација)
- Детски куп

Во 2014 ќе се организираат и следните акции:

- Порибување од најмалку 80.000 денари (ако се соберат повеќе средства од лицитации, донации и државни дозволи, сумата ќе биде повисока)
- Повеќе ЕКО акции на локации по избор (превидени се средства за овие активности)
- Крводарителска акција

Беше даден и предлог за организирање на протест пред надлежните судови низ државата на денот на водите, со цел да се изврши притисок врз судиите за да ги казнуваат построго сите уиштувачи на рибниот фонд (мрежари и останати риборадци). Оваа иницијатива ќе се спроведе во соработка со здруженијата ширум Македонија.

Доколку има услови, по излегувањето на тендерот за преостанатите ревири и концесиите кои се во меѓувреме одземени, РИБАР 2011 ќе одлучи дали ќе конкурира на некој ревир кој ќе биде интересен за здружението.

Одлучено е во 2014 да има 2 типа на членарина. 100 денари/годишно за сите членови на РИБАР 2011 и 100 ден/месечно, односно 1200 денари годишно за членовите на РИБАР 2011 кои сакаат да учествуваат поактивно во работата на здружението, како и да земат учество во планирањето и донесувањето на одлуки. За таа цел се формира Совет на РИБАР 2011 кој ќе се состанува еднаш месечно (најверојатно секој последен четврток во месецот) и на кој ќе се договораат сите активности на здружението. Секој кој ќе плати 1200 ден членарина за цела година (може и секој месец по 100 денари да се уплаќа), ќе биде дел од Советот и редовно ќе биде вклучен во сите активности.

Во 2014 РИБАР 2011 ќе ја субвенционира цената на легитимациите за инвалидите и глувонемите (50% од цената на легитимацијата)

Предвидени средства за хостинг и одржување на сајтот и форумот – 5000 денари

Претседателот согласно овластувањата од Статутот ги распушти сите претходно формирани комисии на здружението. Комисиите ќе бидат повторно формирани од страна на УО на РИБАР 2011 и ќе бидат избрани нови членови.

Ако нешто пропуштив, слободно дополнете :)

Бистро


_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 8 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum