www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Сре Ное 27, 2024 2:31 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Ајде да размислиме ???
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 09, 2012 1:42 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Почитувани колеги форумџии,


Во изминатиов период овдека на форумов паднаа куп дискусии за разно разни теми, се отворија бројни дискусии, форумџиите дадоа доста идеи, дел од нив реализирани (амблеми, маици, здружение, борба со рибокрадци, повеќе седенки), дел сеуште не.

Генерално, ribar сајтот и форумот станаа главно збиралиште на љубителите на риболовот и главен рибарски медиум кој станува се погласен.

Меѓу другите моабети, на многупати сме правеле моабет за состојбите во МАК-РИБОЛОВОТ, паднале доста остри критики кон надлежните, кон федерација, кон здруженија и институции. Сепак, добро е да се запрашаме секој поединечно, што сум направил јас за состојбите во МАК-РИБОЛОВОТ ? Освен што, читам и пишувам овдека на форумот, (некои само си читаат) седнат на мојата фотеља по дома, на мојот најубав кревет, или пак на моето столче на работа, што јас можам да помогнам за состојбите, ама да не е преку компјутер, членувам ли во некое здружение, работи ли добро моето здружение, помагам ли јас таму, како помагам ?

Драги колеги, многу работи во МАК-РИБОЛОВОТ можат да се поместат, ама со три кокичиња, пролет не бидува, треба повеќе.

Формалното застапување и организирање на рибарите е преку здруженијата, а после здруженијата преку МРФ (ако некое здружение е јако, има големо влијание, има многу членови може и да влијае во МРФ). Дел од здруженијата работат лошо, дел подобро, дел уште подобро, дел најдобро, ама кое и да го земеш, може да работи уште подобро, работата е колкава војска стои позади здружението.

Една од идеите и проектите произлезена овде на форумот е и здружението Рибар 2011, ......идеата се преточи во реалност, се оформи здружението, ни требаше формалност за да влијаеме на дел од работите за кои се залагавме, формалноста ја добивме. Се поставува прашањето, кој се вклучи во работата на здружението, како се вклучи, со што помага, доволно ли е тоа, може ли подобро ?

Ако не е член на Рибар, туку е член на друго здружение, што работи во тоа здружение, со што помага, задоволен ли е како функционира здружението, може ли подобро, се труди ли да внесе промени во здружението ?

Ако не е член на здружение, како мисли да помогне во помрднувањето на состојбите во МАК-РИБОЛОВОТ ?

Драги колеги,
Пред нас е нов мрест во Македонија, пред нас е постапка за доделување на концесии за рекреативен риболов во цела држава, а понатаму уште многу битни работи за нас љубителите на риболовот.

Ако гледаме дека риби нема, ако гледаме дека некој лошо концесионира со некоја вода, ако додека ние фаќаме риба гледаме дека некој вади мрежа, ако гледаме дека МРФ не е за “МАШАЛА“, ако одиме преку граница за да фаќаме риба и ако се тоа ни е убаво и ОК, тогаш ќе си ќутиме и ќе си пецаме тоа што имаме. Ако работите не нервираат, тогаш не треба да пцуеме по други, треба прво себеси да се прашаме, со што и каде јас сум помогнал за работите да се помрднат ?

Лесно е да се каже дека сакаме концесија на вода која би си ја гледале, пазеле и мазеле како своја.
Арно ама на тоа поле некако се застана !?!

Да Ве слушнам.....

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ајде да размислиме ???
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 09, 2012 2:45 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
iako clen sum u drugo drustvo, ja imate mojata podrska za se sto ke se raboti za nase ribarsko dobro,, pomos vo sekoe vreme,,, inace vcera vidov nesto na velesko sto mislam deka i ovaa godina ke ima problemi so koncesii i pisuvanje kazni na posteni ribari,,tipicno makedonska rabota,,, ne mozes po magareto po samarot,,me razbirate ;)
samo u veles mnogu ke gi kosta,,so toj nastap,,,
saso ubava e temava treba da prodolzi so diskusija,,

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ајде да размислиме ???
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 09, 2012 4:02 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONНед Aвг 07, 2011 8:13 pm
МислењаCOLON245
Jas nema da se falam ostavam na drugi neka kazat kako stojat moite tereni odnosno ezeroto vo vratnica.Znaeme deka nema koncesioner pa moravme nekako da go zastitime i toa ce prodolzime da go pravime.Rezultatite se dosta vidni i povece od toa ne mi stram da kazam deka izigravav i gubragija koj sobirase gubre.Znaev da gazam snegovi vo sred zima i da proveram kako se rabotite so mrestot na pastramkata-dodeka drugi lepea fotografii kako se musicari (ne navreduvam davam mislenje)-blagodarnost do cuvarot Ljubisa koj sekojdnevno dava poddrska.A isto taka i soselanite koi dobro se organiziraat i znaat da prezemat merki e sega koga doaga momen da se lovat dobri primeroci malce prst na glava i da vidime koj ne najaven moze da si odi tamu.Se znae samo strogo.Dodeka se zalev vo drustvoto me napagaa deka sakam nesto da rasipam da vnesam negativna energija no se zaprasuvav kako moze da se funkcionira bez clenovi i stoev vo odbrana samo toa sakav da go napravam a ne da se karam ili vregam.Izvini i kako presedatel me interesira koga imase sobranie na drustvoto i clenovite da ja cuete nivnata maka ili mislenje?Ednostavno ne treba da se dokazuvame koj e koj jas ostaviv delata da go kazat svoeto a veruvam ce ima i kade da si pravam merak i dobar ribolov normalno FATI PUSTI i sekogas ce ima riba.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ајде да размислиме ???
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 09, 2012 4:38 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Jун 28, 2011 12:13 pm
МислењаCOLON1530
ЛокацијаCOLONSkopje
како прво чест ми е што сум член на првиот сајбер,интернет рибарски клуб во историјата на Македонија :!: Една од главните причини што пристапив и се зачленив во ова друштво е увидот дека главна цел на луѓето што го основаа друштвото и форумот,првенствено е СТОП ЗА РИБОКРАДЦИТЕ и оправање на работите во риболовот во Македонија,кои сите знаеме на какво ниво се денеска.:!: :!:

Повекето членови и во друштвото и на форумот знаат дека своеволно и самофинансирачки се правеле акции од членовите на РИБАР 2011 на води кои немаат ништо заедничко со РИБАР 2011,меѓутоа љубовта према риболовот не натерала на тоа.

ЈАС како член на ова друштво,безрезервно ке дадам се од себе за секоја иницијатива,желба,потреба на друштвото.

И да не се повторувам со горе напишаното од Сашо,само ке упатам апел до форумџиите кои "седнати во фотеља" само читаат и чекаат информација каде јаде рибата,да се зачленат,барем мал придонес да дадат со тоа членство во РИБАР 2011(порибување,заштита на рибен фонд,концесија),за да кога некогаш ке отидат на тоа место кај што прочитале дека јадело,стварно има риба и ке има риба :!: :!:

Бистро.

_________________
p.s. kolku poveke tupat krapdziite tolku poveke lovat spinerdziite. :mrgreen:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ајде да размислиме ???
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 09, 2012 6:09 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON4783
ЛокацијаCOLONskopje
shto treba tuka sum...
a nekoja konkretna ideja vo momentov neam da predlozam :mrgreen:

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ајде да размислиме ???
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 09, 2012 6:14 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Хммм интересен текст, ама некако слабо со коментари, јас во сите изминати години сум во први борбени редови на секое поле за кое сметам дека може да му донесе позитивен дух на македонскиот риболов,секако колку што ми дозволува времето. Сум жртвувал време, средства, риболов, и лични контакти за да направам нешто повеќе. Состојбите се доста гнили, успорени, покиснати, ама па има доста ентузијасти и добри примери во Македонија, и тоа ми дава надеж дека работите можат да идат на подобро, само треба да постои организација, солидарност од што е можно повеќе риболовци, критика на сите места каде што треба, Сашо добро ги истакнал, и лична подршка за секој позитивен чекор во состојбите во риболовот.

А за другите здруженија, добро е да се вклучат и тие, затоа што текстов на Сашо јас не гледам дека е за РИБАР 2011, туку општо за сите, затоа што маките се општи и маките се за сите.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ајде да размислиме ???
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 09, 2012 7:08 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Oкт 26, 2010 9:38 pm
МислењаCOLON1320
ЛокацијаCOLONStrumica
Убав текст Сашо,пред се реален и сите треба да се пронајдеме во него.Дигнавме многу галама за концесија ,дури си одбравме и вода,ама пуста желба и преточување во реалност се две дијаметрално различни работи.
Решивме и направивме здружение....до тука успеавме се по план.И сега одредивме членарина...300 денари,додуша висока спрема другите здружение,но затоа пак незадолжителна туку помагачка,мотивирачка,зајакнувачка....се со цел да направиме едно почетно салдо на сметката,за да може со поголем елан да зборуваме за следниот и решавачки чекор -концесија.
И до тука бидна.Уплатени скромни седумдесетина членарини од цела Македонија риболовци.Зар само 70 души сакаат да земеме концесија????
Секој треба да разбере дека немаме странски пари а и немаме одлив на постоечките пари како во некои други друштва по пијанки,репрезентации.......
Секој денар се собира само за една единствена цел-конкурирање за концесија.
Пуштивме тема за донации,кој колку може се разбира и пак десетина-петнаесет луѓе.
Денот за достава на понуди за концесии се ближи а ние не сме ни од близу подготвени за тој чекор.
Затоа на време да си решиме-одиме или не одиме во тој ни малку едноставен зафат.
Јас за Струмица си признавам-нема од кој да побарам спонзорства,освен ние неколку души што влегуваме на форумот да дадеме кој колку милува..
Но,во Скопје верувам дека некоја од големите компании ќе не помогне.
Но не треба да чекаме само на тоа,треба прво сите ние кои ја посакуваме оваа концесија да дадеме мал допринос.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ајде да размислиме ???
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 09, 2012 7:13 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONНед Aвг 07, 2011 8:13 pm
МислењаCOLON245
Prvo Vratnica ne e toa sto bese od lani moze da ides i da proveris kolku izmeni ima i kolku e se organizirame no momentalno i onie koi bea lani sega vidoja kolku e sat mislam za onie koi zemaa riba,sega povece nemaat pristap.Vtoro jas toa poentirav da se odrzi sobir na site clenovi i da si dademe svio idei mislenja: kako?sto? ...I treto tocno malce izmesav so forumot i zdruzenieto no sepak kritikite pak bea od licnosti koi se clenovi vo upraven odbor na zdruzenieto. I na kraj sakam da kazam deka se sto pravam, pravam samo za sebe ne da se dokazuvam ili istaknam pred nekogo ednostavno si imam cista soves si imam kade da uzivam kade da se najdam so prijateli.Bi mi bilo merak barem sekoj da napravi onolku kolku jas imam napraveno opsto za da ja zastitasm vodata vo koja moze da kazam momentalno gi drzi najdobrite kapitalci.POZZ I BISTRO


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ајде да размислиме ???
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 09, 2012 7:39 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Oкт 26, 2010 9:38 pm
МислењаCOLON1320
ЛокацијаCOLONStrumica
miki.dj НапишиCOLON
Prvo Vratnica ne e toa sto bese od lani moze da ides i da proveris kolku izmeni ima i kolku e se organizirame no momentalno i onie koi bea lani sega vidoja kolku e sat mislam za onie koi zemaa riba,sega povece nemaat pristap.Vtoro jas toa poentirav da se odrzi sobir na site clenovi i da si dademe svio idei mislenja: kako?sto? ...I treto tocno malce izmesav so forumot i zdruzenieto no sepak kritikite pak bea od licnosti koi se clenovi vo upraven odbor na zdruzenieto. I na kraj sakam da kazam deka se sto pravam, pravam samo za sebe ne da se dokazuvam ili istaknam pred nekogo ednostavno si imam cista soves si imam kade da uzivam kade da se najdam so prijateli.Bi mi bilo merak barem sekoj da napravi onolku kolku jas imam napraveno opsto za da ja zastitasm vodata vo koja moze da kazam momentalno gi drzi najdobrite kapitalci.POZZ I BISTRO
Мики си ја утнал темата .Оди во тема ВРАТНИЦА и таму пофали се што си направил за ВРАТНИЦА.Тука акцент ставаме на РИБАР 2011,кој како што гледам не те тангира баш многу,откако не те избраа во управен......(играм со отворени карти за разлика од тебе).
Ако имаш друго да додадеш избери правилна тема ,да не ја труеме повеќе оваа,оти тоа не и е поентата.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ајде да размислиме ???
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 09, 2012 7:55 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
Moe mislenje i za forumov i za Ribar 2011.
Mislam deka treba da ima desetina ludje i tamu i tamu koj ke bidat poveke vkluceni i normalno e da imaat nekakvi primanja.Kolku i da zvuci seto ova glupavo dozvolete da objasnam.
Na eden sostanok i Howits me podrazmisli razgovarjki za clenstvoto kako edna masa koj moze da bide promenliva(izvini ako loso parafraziram) ama se vospostavi deka e vistina.Vo daden moment imas nekoj lica koj se aktivni,pa drugi,pa nekoj e entuzijasta,nekoj kritikuva.... seto toa e clenstvo.
E sega za da ne zavisi forumot i Ribar 2011 od takva nekoizistentna masa dobro e da ima nekolkumina koj ke se prepoznaat kako lideri i ke si ja gledaat idninata tuka.Istite tie ludje ke mozat da predlozuvaat akcii,da gi koordiniraat,da delegiraat...
Zamisli nekoj nov clen saka da pomogen vo nesto i ima eden kup propusti poradi neprocitanite temi vo minatoto.Pa pak od pocetok da se objasnuva se.Taman si go obucil i tipcevo isceznalo.
Da ne gusam mnogu.Ovoj forum se bazicira na volonterstvo ama sekade volonterite pomagaat vo nekakva struktura koja e postabilna inace samite volonteri ke se izgubat vo svojte dobri nameri.
Idninata e vo nekolku ludje so nekakov interes i nema nisto loso vo toa.Inace se ke propadne volonterski :mrgreen:

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 24 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum