www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Сре Ное 27, 2024 12:22 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ !
ТемаИспратеноCOLONЧет Maј 08, 2014 6:36 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Почитувани рибари, драги колеги,

Чувствуваме за потребно да Ве повикаме да ни помогнете и да се приклучите за ЗАЕДНО да ја направиме Македонија едно поубаво место за риболов.

Во изминатите неколку години здружението РИБАР 2011 се појави како една од ретките светли точки во Македонскиот риболов. Нашиот почеток е врзан за подигнувањето на македонскиот риболовен сајт http://www.ribar.com.mk кој се издигна во еден голем и моќен риболовен сајт, каков што Македонија никогаш немала, а какви што сајтови имаа сите околни и странски држави. После издигнувањето на сајтот, како негова продолжена рака и како место каде што можеме многу подиректно и непосредно да комуницираме, го оформивме и Форумот на http://www.ribar.com.mk.

[ img ]

На овој форум се запознаа многу луѓе од Македонија, тука се споија многу риболовци кои меѓу другото сметаа дека Македонија веќе подолг период стагнира во делот на риболовот. Тука се споија многу слични мислења на кои им сметаат рибокрадците, мрежите, харпуните, струјата и слични криминогени активности. Тука се споија многу

поединци кои сакаат да порибуваат и од мерак да пуштат риби низ Македонија. Тука се споија многу поединци на кои им смета лошото работење на разни здруженија и концесионери во Македонија. Она што е најбитно, тука се споија многу луѓе кои неможат да се помират со фактот дека македонските води се испустени и дека секаде околу Македонија има земји со ревири и води кои во најголем дел се побогати со риба од македонските. Тука се споија многу ентузијасти, луѓе со идеи, луѓе со елан и желба да се направи нешто повеќе, да и се помогне на Македонија и македонските води, а со тоа да им се помогне и на македонските риболовци да уживаат што повеќе и што подобро во нивната најголема пасија- РИБОЛОВОТ. Кога сите овие работи се споија, стана јасно дека сета таа енергија мора да се канализира преку ново риболовно здружение во Македонија и така се роди РИБАР 2011.

Од кога се роди РИБАР 2011, започнаа многу активности кои не беа честа појава во минатото.
Еве еден клип за една година од формирањето на здружението кое во одлично светло го покажува еланот на здружението:



- По наша иницијатива, во наша организација, а со поддршка на овластени органи, се спроведоа повеќе акции за заплена на мрежи низ Македонија, се фатија повеќе поединци но и риболовниСлика продавници кои продаваа мрежи и мрежички, се заплени доста риба која нелегално се продаваше на разни места во Македонија, се пуштија разни иницијативи до МВР, до Министерство за земјоделие, до Царина и на други места со посочување на конкретни проблеми и риболовен криминал, кои резулираа со повеќе акции.


- Започнавме да правиме акции за собирање на пари за порибување низ Македонија. Многумина почнаа да не гледаат чудно и да се прашуваат дали сме “арни“. Да даваш свои средства и да порибуваш одредени ревири, да помагаш на други здруженија, а без притоа да си концесионер и да си задолжен со закон да порибуваш.....тоа не било поимливо во изминатиот период, или било голема реткост. Затоа луѓето не гледаа чудно, но ние воспоставивме нови принципи во македонскиот риболов. За само 3 години акумулиравме и издвоивме преку 200.000 денари за порибување на:
1. Глобочица ;Слика
2. Брегалница ;
3. Подлес ;
4. Црн Дрим ;
5. Црна река ;
6. Едно битолско езерце ;
7. Езеро Истатов ;
8. Маврово ;
9. Велешко езеро
10. Река Треска (кичевско)
11. Вардар (Демир Капија)
12. Козјак ;
13. Беровско езеро ;
14. Калиманци ;
15. Мантово ;....а оваа година засега ќе се порибува
16. Река Пчиња
17. Река Брегалница
18. Треска (скопска)
19. Стрежево
20. Мавровица
21. Река Струмица и
22. Трсино - виничко

[ img ]

Никој не не тераше, ниту пак сме обврзани некако – ПОРИБУВАМЕ ОД ЉУБОВ И ОД СИЛНА ЖЕЛБА ДА ИМА ШТО ПОВЕЌЕ РИБИ НИЗ МАКЕДОНСКИТЕ ВОДИ

- Активно се вклучивме со кампањи за враќање на рибата Фати-Пушти, секогаш кога риболовецот нема потреба да ја земе рибата, или пак нема потреба да ги земе сите риби кои ги фатил
- За прв пат во Република Македонија, изминатата 2013 година организиравме СПИН дружење и еден вид на натпревар, кој ќе продолжи и во иднина и кој дава една нова нишка во развојот на СПИН риболовот во Македонија.
- Со сестрана наша помош, иницијатива и љубов, ја вративме Крапската лига и крапското натпреварување да биде повторно актуелно и посетено во Македонија. Помогнавме на македонската крапска репрезентација за учество на Светските првенства во крапски риболов во 2012 и 2013 година и сеуште помагаме за развој на крапскиот риболов.
- Дадовме поддршка и помогнавме за одржување на неколку мушичарски средби и дружења.
- Помагаме на многу риболовци од Македонија полесно и побрзо да извадат Легитимации за риболов. По бројот на извадени легитимации за 2013 година, РИБАР 2011 за само 2 години од формирањето, постана второ најголемо здружение на риболовци во Македонија.
- Помагаме на повеќе македонски риболовни продавници, да бидат во што поголем контакт со риболовците и да се развиваат колку што можат повеќе
- Стекнавме многу пријатели помеѓу здруженијата во Македонија со кои делиме исти и слични цели и принципи на работа.
- Неколку претставници на РИБАР 2011 веќе станаа и дел од Македонската Риболовна Федерација, каде што сметаме дека има многу што да се направи и многу што да се поправи.


Генерално, РИБАР 2011 е еден свеж ветер во Македонскиот риболов. Здружение кое е предводник на една нова генерација на здруженија и луѓе кои сакаат да променат многу нешта во Македонскиот риболов.

[ img ]

Имаме илјадници идеи, проекти и иницијативи,.....НО потребен ни е ветер во грб, потребна ни е поддршка од луѓе кои исто или слично размислуваат како нас. Нашите идеи итаат напред во иднината, но за да ги исполниме потребни ни се повеќе луѓе-активисти на здружението. Не ни е потребно БРАВО, АЛАЛ ДА ВИ Е, и тапшање по рамо. Потребни се армија луѓе да се соединат под иста капа и заеднички да пробаат осетно да помрднат некои работи во Македонскиот риболов.

- Сакаме води полни со риба;
- Сакаме осетно и Драстично намалување на рибокрадството во Македонија;
- Сакаме големи казни и окончани судски постапки против рибокрадци, против фирми и компании кои загадуваат и причинуваат помор, против ресторани кои служат крадена и нелегална риба и со тоа го поттикнуваат риболовот како можност за финансиска заработка ;
- Сакаме институциите поврзани со риболовот подобро да си ја вршат својата работа ;
- Сакаме подигнување на свеста кај јавноста за проблемите и потребите на риболовците и водите во Македонија ;
- Сакаме намалување на загаденоста на нашите води ;
- Сакаме почитување на законите во риболовот, да не се зимаат мали рипчиња и заштита на мрестот на рибите ;
- Сакаме што повеќе дружби,натпревари и купови во пливка, крапски риболов, спин риболов, мушичарење, како и подготовка на добри стази за вакви натпревари,
- Сакаме промена на свеста и принципите на работа кај некои здруженија или концесионери во Македонија кои не си ја вршат како што треба работата и обврските кои ги превземале.
- Сакаме силна и раздвижена Македонската Риболовна Федерација, која ќе биде иницијатор на многу промени и подобрувања во македонскиот риболов.
- Сакаме македонскиот риболовец да се осети среќен и задоволен, еднакво исто како и неговите колеги од развиените европски земји.

Сакаме многу работи.....но сето тоа треба да се изработи. Потребни ни се што повеќе луѓе кои ќе дадат личен придонес и поддршка за нашите идеи.

Затоа Ве повикуваме да ни се приклучите. Потребен ни е секој човек кој може да помогне во активностите, во иницијативите, во проектите, во порибувањата, во борбата против рибокрадци, во подигнувањето на јавната свест. Доколку се нервирате и пцуете некои работи кои не ви се допаѓаат во македонскиот риболов, НИШТО НЕ СТЕ НАПРАВИЛЕ. Ако сакате да помогнете нешто да се промени, Ви требаат луѓе истомисленици. Со заеднички напори многу нешта можат да се подобрат.

[ img ]

Свесни сме дека времето денеска тешко се наоѓа, но и ние сме луѓе со фамилии и со обврски, па сепак наоѓаме време за да помогнеме во сите наши замисли и идеи. Ако се сака, се се може, секој може да помогне на овој или оној начин. Ако веќе сте активни во некое здружение и сметате дека истото ги исполнува вашите очекувања и замисли, продолжете со вашата активност таму и дај те го вашиот придонес. Колку повеќе асални и кадарни риболовни здруженија, толку подобро. Доколку пак не сте активни во ниедно риболовно здружение, или пак еденоставно не се пронаоѓате во работата на друго здружение, Ве повикуваме на дружба и заеднички активности.


Може да не исконтактирате на нашите мејлови

ribarkontakt@yahoo.com
contact@ribar.com.mk
На Форумот на http://www.ribar.com.mk
Или лично на некои од состаноците кои ги одржуваме, а за кои може да Ве известиме преку мејл.




Со почит,

Здружение на риболовци - РИБАР 2011

_________________
[ img ]


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 8 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum