Момци, ние завршивме работа, па ајде, аирлија работата понатаму
Накратко да напишам неколку реда, па утре подетално ќе ве известиме што се беше дискутирано, ќе ги ставиме одлуките на форум, прилагодениот статут итн.
Се собравме околу 40 луѓе на основачкото собрание. Се помина во најдобар ред. Се оформивме како Здружение на спортско-рекреативни риболовци РИБАР 2011 (само РИБАР беше зафатено), а најверојатно ќе додадеме и “клуб“ во името и ќе бидеме Здружение на риболовци спортско-рекреативен клуб РИБАР 2011. За тоа подоцна.
Избран е претседател, “saso“, односно Сашо Васков, честитки и од мене.
Избран е Управен одбор во состав:
Сашо (како претседател)
Филип
Никола Poliz
Кире
Спиро_јас
Диме Spaiva
Зоки уши
Компир
Избран е надзорен одбор во состав:
Столе
Дукац
Горјан Fisherking
Се пријавија повеќе членови за да учествуваат во комисиите кои допрва ќе ги формираме (рибочуварска, порибување, дисциплинска, екологија, информации, едукација итн.)
Утре и задутре ќе ги завршиме сите потребни документи и процедури и ќе се регистирираме во централен регистари со тоа официјално ќе започнеме со работа. Утре ќе допишеме дополнителни работи, веќе е касно, а до пред малку “прославуваме“ кај Жабарот
Нека ни е со среќа и бистро на сите
п.с. Илија Бојаровски не снимаше, така да ќе не има во следната емисија на Ловечко око на Телма