www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 16, 2024 4:37 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «123456
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONНед Ное 11, 2012 9:31 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Еве почна по медиумите...

Датум: 09.11.2012, 17:40
РИБАРИТЕ ЗАЧУДЕНИ ОД ОДЛУKАТА НА СУДОТ

ЕВН виновна за помор на риба, но не мора да плати

Од македонската риболовна федерација велат дека за Судот не е спорна вината на ЕВН, ниту висината на штетата од 50.000 евра, но и покрај тоа, виновникот е ослободен од обврската да плати надомест

Соња Христовска

Македонската риболовна федерација и партијата ДОМ бараат одговорност и казна за најголемиот помор на риби во Треска и во Вардар од 2007 година, по судската пресуда со која се отфрла тужбата на рибарите кон „ЕВН Македонија“ за надомест на штетата врз рибниот фонд. Велат дека е несфатливо при утврдена одговорност и штета, да не се бара надомест од виновникот за поморот на 40 тони риба.

Македонската риболовна федерација, како оштетена страна, по поморот поднесе тужба против ЕВН, чии служби, според рибарите, нестручно го исчистиле езерото Матка и испуштиле големо количество тиња во реките, поради што рибите се задушиле. Велат дека судијката по неколкугодишна постапка, на крајот само ја прочитала пресудата со која ЕВН е посочена како виновник за поморот без да образложи зошто нема казна.

- Таа едноставно изјави дека пресудата ќе ја достави до тужителите во писмена форма. Одлуката е вџашувачка и чудна затоа што судијката објасни дека не го оспорува делото, ниту процената, туку едноставно го ослободува сторителот од одговорност и од обврска да плати за причинетото дело. За Судот не е спорно дека имало помор на над 40 тони риба, ниту процената од вештаците дека штетата е 50.000 евра. За Судот е спорна само наплатата, односно казната. Иако во судската постапка беше докажано дека ЕВН со испуштањето на темелниот испуст на акумулацијата Матка предизвика стравотен помор на рибите во реките Треска и во Вардар, немало потреба да биде казнета - велат од риболовната федерација.

Тие ќе го почекаат писменото образложение, по што ќе се жалат на Апелација.

Од ЕВН велат дека немаат коментар додека трае судскиот процес и додаваат дека се компанија која многу внимава на заштитата на животната средина.

Во партијата ДОМ се зачудени од пресудата бидејќи сите ја констатирале штетата, за која нема правилна судска завршница.

- ДОМ нема намера да влијае врз одлуките на судската власт, но факт е дека на Треска и на Вардар им се случи ненадоместлива еколошка катастрофа, со која беше уништен рибниот фонд. Затоа некој треба да ги понесе одговорноста и последиците. Бараме повторна истражна и судска постапка за еколошката катастрофа и посериозен пристап на судските власти во сите постапки за штета врз околината. Бараме и лицата од судската власт, кои ќе работат на вакви случаи, да бидат едуцирани за еколошката проблематика - велат од ДОМ.

Според рибарите, во поморот настрадале и ендемични риби, кои веќе не се појавиле во реките.

Извор:http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?I ... 4186C034AD

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Ное 11, 2012 9:42 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
kako se angazirale mediumive :bravo:

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 12, 2012 1:40 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Ное 25, 2011 8:33 pm
МислењаCOLON306
гоце НапишиCOLON
Г-дине Васил Костов како можете да реагирате сега пред свршен чин а до сега да молчите или можеби се надевавте дека пресудата ќе биде во ваша полза,обичниот риболовец е зачуден одненадеж се појавувате со барање подршка од нас обичните,што е причината може да ни објасните.
Здраво Гоце
бидејќи ме прозвавте со име и презиме се чувствувам обврзан прво вам да ви одговорам на постевните прашања.
Најпрво, за случајот со ЕВН зне целокупната јавност во Македонија. Кога ја поднесувавме тужбата беа информирани сите здруженија. На скоро секој состанок на Управен Одбор на МРФ е давана информација за случајот. За случајоит е разговарано и неколку пати на Собрание на МРФ и носени се заклучоци. Така да, во најмала рака, е несериозно да тврдите дека нешто е криено и чувано во тајност. Не заборавајте дека станува збор за 2007 и 2008 година. Форумов е нешто помлад. Не може да кажете дека „обичниот риболовец“ не е запознат со случајот и од причина што една дузина риболовци се појавија како сведоци на судењето. Тоа беше и пресудно кога се докажуваше дали имало или немало помор на риби во Треска и Вардар.


Ако имате повеќе прашања повелете.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 12, 2012 2:50 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Ное 25, 2011 8:33 pm
МислењаCOLON306
гоце НапишиCOLON
Ako судијката изречеше обратна пресуда немаше ни да дознаеме за процесот,парите ќе се повлечеа и волкот сит и овците на број.До вчера не знаевме воопшто дека се води ваков спор,кога е голема сума во прашање човек се може да си помисли,дај боже да не сум во право,но праксата покажала дека во повеќе случаи сум бил во право.
Гоце
ајде уште еден коментар на она што го имаш напишано.
До медиумите, пред да биде изречена пресудата, испративме извесување и покана да бидат присутни во судот и да го рагистрираат и овековечат изрекувањето на пресудата. Сметавме дека денот треба да се одбележи како светол и значаен. Ден кога најпосле убијците на риби ќе бидат осудени. Веста која ја очекувавме и која требаше да ја пренесат медиумите беше дека ТУЖБЕНОТО БАРАЊЕ СЕ УВАЖУВА и тие требаше да ја пренесат до сите риболовци пресудата за висината на казната. Никој од МРФ и Вардар не очекуваше ваква фрапантна пресуда. Присутните камери го регистрираа нашиот шок, неверување во тоа што се случува и крајната збунетост. Јас побарав судиката да ја повтори и објасни пресудата. Не сакав и не можев да поверувам што слушам.

Ставот дека ако се изречеше обратна пресуда немаше да се дознае ништо, едноставно не држи. Сите требаше да дознаат и за тоа на големо да се зборува во државата. Требаше да биде ден кога сите рекреативни риболовци ќе слават. Но, не беше така. Напротив, тоа беше уште еден ден на разочарување и уште една изгубена битка во постојаната борба со убијците на рибите во нашите води.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 12, 2012 3:04 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Maр 20, 2011 2:59 pm
МислењаCOLON673
ЛокацијаCOLONskopje
Vasile kakva inicjativa da se prezeme :?: Ili se ceka do presuda-(kakvi se namerite posle presudata)ima li potreba od organiziranje so prostest :?:

_________________
GOLEM MAMEC-GOLEMA RIBA


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 12, 2012 4:05 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
Kolegi ribari
Bi sakal da se drzime do temata. Ribolovot vo Mk ima mnogu "crni dupki" ama daj da gi resavame po red. Sega e najpreoritetna ostetata na Treska.
Sigurno deka i jas imam prasanja i mnogu nejasnotii okolu mnogu situacii ama bi sakal sa bideme obedineti okolu ova prasanje.
Pozdrav

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 12, 2012 4:38 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Ное 25, 2011 8:33 pm
МислењаCOLON306
ace penja НапишиCOLON
Vasile kakva inicjativa da se prezeme :?: Ili se ceka do presuda-(kakvi se namerite posle presudata)ima li potreba od organiziranje so prostest :?:
Ја чекаме пресудата. Потоа истата ќе се обжали. Доколку има потреба да се организира протест, а мислам дека ќе има, ќе биде јавно објавено и ќе се обратиме до сите риболовни здруженија со барање поддршка и присуство на истиот


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 12, 2012 7:27 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Јан 26, 2012 7:33 pm
МислењаCOLON2782
Sepak ova e samo forum.......... inicijativa i pokana za protest cekame od MRF ili klubovite,koncesioneri itn..ne se znae za zal na koje drugo mesto moze da se sluci slicnoto.... :hit_head:

_________________
tel/fax : ++389 2 3069793
email: gomak99@t-home.mk
075/291167 zoki


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 13, 2012 11:06 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Aпр 25, 2011 9:20 am
МислењаCOLON224
ЛокацијаCOLONСкопје
Г-дин Василе сега малку ми се појасни некои работи во врска со случајов,а верувам и на другите колеги,другите работи ќе ги оставиме за подоцна,се извинувам ако ви поставив некои прашања во погрешно време,но верувајте има толку проблеми во самиот град Скопје за нас риболовците а гледаме дека нема никаква иницијатива од надлежните органи.Ја имате мојата подршка за случајов со ЕВН.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 13, 2012 7:44 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Ное 25, 2011 8:33 pm
МислењаCOLON306
Благодарност за поддршката, секако ке биде потребна од сите. Поздрав.


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «123456

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 3 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum