Колеги во државава Македонија постојат органи кои треба да си ја вршат работата за која се платени од нас преку даноци и останати давачки,тоа се министерство за земјоделие и водо стопанство,а за еколгија имаме дури цело министерство за екологија,неколку пати сум се јавувал за загадување на река Лепенец,секретарката ми вели немало инспектор да испратат на терен,ова се случува после пладне,се загадува водата со секакви отпадоци од хемиска индустрија,Алкалоид со погонот за мириси сапуни и останати хемиски производи,Адинг со бои и лакови,ЈСП со прегорено масло и дизел гориво,септичките јами се празнат во реката Лепенец.Оваа река ја познавам веќе 30 години,волку загадена не била никогаш,сепарациите се посебна приказна,работат дено ноќно секој ден и во саботи,недели и празници не престануваат да исфрлаат тони тиња директно во реката.Како да се спротивставиме на ова,да си купиме еден мобилен со апарат па да ги сликаме овие појави,да ги ставиме на форумов па нека гледаат министриве колку ја штитат мајка Македонија,нека гледаат странци колку се грижиме за природата.Сведок сум на загадувања од сапуни,на каскада кај канал 5 тв,се подигна сапуница висока 1 м,ова загадување траеше 1 недела во попладневни часови кога нема инспектори,сведок сум на загадување од прегорено масло преку цела река во тенок слој што трае цела недела,меѓутоа тоа не е регистрирано со видео,затоа сакам да кажам ако сме во можност да направиме видео запис,како сведоштво за загадувањето.
|