Нека појде секој од себе си,колку ѓубре оставил зад себе си после риболов,колку пластични шишиња,колку кеси,пикавци и останати попратни елементи,така се започнува,поминете покрај река Вардар во Скопје и ќе видите за што зборувам , позади секој риболовец има ѓубре од кеси,шишиња,пикавци и што уште не.Да не ги бараме кривците секогаш надвор од нас самите,прво да се погледнеме самите,па потоа другите.Кога последен пат сте виделе некој свесен риболовец,во пауза кога не јаде рибата,ѓубрето кое е во непосредна околина на местото каде риболови,да го собере во вреќа и да го однесе со себе,јас до сега не сум видел,напротив како да ужива што повеќе ѓубре да остави позади себе.Проблемот не е во околината,проблемот е во нас самите,се додека не се освестиме,риболовот да го направиме свесен а не како некоја машина без контрола ,не знаеме што правиме,целта е да се фати што повеќе риба и крај на муабетот.Свесно никој не може да направи лоша работа,само несвесниот,човек робот или машина,може да ги направи најлошите работи што може да си ги замислите,затоа колеги да започнеме да се освестуваме,никогаш не е касно инаку ќе си останеме како машина која ја управува умот кој се потпра на искуства стекнати од минатото,без влијание на свеста или душата.
|