Помор на риби во реката Кумановка регистрирале денеска рибочуварите и членовите на Здружението на спортско риболовниот- рекреативен клуб „Пчиња“.
Како што соопшти претседателот на здружението,Бранислав Димовски, станува збор за поголема количина на риба, претежно автохтона пастрмка.
- Поморот е забележан на потегот од т.н Режановски Мост, надолу по течението до мостот во близина на автопатот во населбата Бедиње. Според кажувањата на месното население во реката била забележана бела течност, вели Димовски.
Рибочуварите успеале да земат примероци од угинатата риба, како и примероци од вода.
Според сознанијата на членовите на здружението и степенот на распаѓањето на угинатите риби поморот, веројатно се случил во текот на викендот.
- Очекувам анализите да покажат кој е виновникот за поморот и да добие соодветни казни, нагласи Димовски.
За поморот на рибите веднаш се алармирани надлежните институции, инспекторот за животна средина и инспектор од Министертсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство.
- Веднаш излеговме на посоченото место,земени се примероци од водата и се дадени на испитување во Центарот за јавно здравје Куманово, рече инспекорот за животна средина од општина Куманово, Бобан Бојковски.
Пред четири месеци, членовите на здружението извршија порибување со автохтона пастрмка на реката Куманово во вредност од 40.000 денари.
http://www.sitel.com.mk/mk/registriran- ... -kumanovka