После друѓењето на Мавровица каде скоро цело време врнеше ги прибрав трските без да ги избришам па уште и во мокри футроли.
Најнезгодно во целата работа што кога стигнав дома заборавив да ги извадам и да ги избришам та кога дојде време за следниот риболов по должината на трските се појавиа бели флеки со различна големина.
Станува збор за Century NCS и оваа појава може да се манифестира кај секоја трска која е со лак на водена основа.
Се распрашав кај некои колеги што да преземам , дури со Христо зборев да ги пратиме во Англија да ги обноват како последна варијанта.
Начув во еден разговор да ги почистам со сунгерче за обувки , неутрално, што би рекло безбојно. Многу не ми се веруваше но скоро купив едно такво сунгерче, резултатот беше изненадувачки, 99% од трските беа исчистени, да не кажак како вчера да се купени а ловам со нив мислам едно седум години.
Та ако некој го има или му се појави ваков проблем нека го проба ова, некошта многу
АтачментиCOLON
15491591_1344323978931577_281836130_o.jpg
АтачментиCOLON
15417786_1344323918931583_429648154_o.jpg
АтачментиCOLON
15368924_1344323898931585_440521130_o.jpg
Белите флеки по трските
АтачментиCOLON
15494072_1344323822264926_586075847_n.jpg
АтачментиCOLON
15401314_1344323798931595_866461422_n.jpg
" чаробното " сунѓерче