www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

TEND LITE - автоматско светло за шатор
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=102&t=6194
Страна 13

АвторCOLON  Bobi_Brada [Сре Дек 23, 2015 1:50 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  TEND LITE - автоматско светло за шатор

Крапот е риба која е доста активна ноќе и во овој период на денот се изгубени многу риби. Како по правило удира баш тогаш кога ке не совлада сонот. Проблемот со будењето, додека слатко сонуваме во удобноста на крапскиот шатор и кревет, одамна е решен со безжичните сигнализатори. Проблеите настануваат кога базата, ставена покрај глава, ке почне да пишти во црна темница. Потребно е што поскоро да стигнеш до стаповите, но предходно треба да ги најдеш патиките (влечките), лампата, излезот на шаторот и да го отвориш патентот . . . Решението на проблемот е СВЕТЛО.

На светло како така се спие, но за да свети цела ноќ (а најчесто не е една) потребно е да се носи голем акумулатор. Само уште тој ни фали покрај целокупната опрема која од ден на ден се зголемува.

TEND LITE - автоматско светло за шатор. Работи на ист принцип како и базата но наместо звучен сигнал се пали светло при активирање на некој од сигнализаторите. И пак има проблем. Не е проблем цената, туку не сите производители ги имаат во својата палета на производи. А и тие што ги имаат, ги немаат за сите модели.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Реализираниот TEND LITE е универзален. Може да го активираат сите безжични сигнализатори кои работат на фреквенција од 433MHz. Сместен е во стара батеријска лампа на која и е одстранета рачката. Го напојуваат 2 Li-Ion батерии со вкупен капацитет од 6000 mAh, со кои може непрекинато да свети околу 12 часа.


АвторCOLON  Филип [Сре Дек 23, 2015 9:13 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: TEND LITE - автоматско светло за шатор

Шо е убаво вака кога човек си знае :) Убаво смислено и изработено :lepi:

АвторCOLON  akiribar [Сре Дек 23, 2015 12:43 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: TEND LITE - автоматско светло за шатор

mnogu jako bravo :lepi:

АвторCOLON  Boris [Сре Дек 23, 2015 5:27 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: TEND LITE - автоматско светло за шатор

a да го патентираш ти ова да не ти го превземат пред да се свестиш....п.С и пиши колку чини нарачка

АвторCOLON  CTS-klen [Сре Дек 23, 2015 5:40 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: TEND LITE - автоматско светло за шатор

bravo :~~

АвторCOLON  Bobi_Brada [Сре Дек 23, 2015 5:50 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: TEND LITE - автоматско светло за шатор

Цената на еден оваков TendLite всушност зависи од желбите:
    • - тип на батерии (обични или Li-Ion)
      - капацитет на батерии
      - јачина на осветлување
      - далечинско командување (пали-гаси)
      - звучен аларм (многу појак од базата)
      - . . . . . .

АвторCOLON  Bobi_Brada [Сре Дек 23, 2015 6:16 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: TEND LITE - автоматско светло за шатор

Ова е основна верзија која моментално работи СУПЕР и во моментов работам на нејзино подобрување.

Со моите ProLogic сигнализатори се активира на секое тит, додека на некои кинези несакаат да се активира додека не пројде една секунда, добар ран (и нивните бази не се активираат без закаснување од една секунда).

Планирам да го направам да на секое тит се вклучува светлото но по ТРИ секунди се изгасне. Но додека се случи во ТРИ секунди да имаме ПЕТ титки или вистински ран тек тогаш да се вклучи да свети континуирано.

Многу би сакал да ги слушнам вашите размислувања - вашите идеи како би требало да работи ова чудо. Ова пред се бидејки досега немам во живо видено како работат фабричките Tend Lite.

АвторCOLON  Boris [Сре Дек 23, 2015 6:20 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: TEND LITE - автоматско светло за шатор

базата и така ме вади од памет така што звук дополнителен незнам на кој му треба (освен на Мартин евентуално :D )....
јачина на осветлување, како најобична наглавна лампа, или бар малку да се осветли шаторот (ако е внатре), или делот пред шаторот (ако е ставена пред шатор) за да не трчаш во апла црна темница и да се потепаш во мешавина од сон и адреналин
за ова другово, тип на батерии пиши калкулација за два три модели

околу тоа кога треба да се пали, по мене не треба на секое тит затоа што во дадени моменти ќе биде права лудница, тит се случува од тревка на конец, ветер, го пернал конецот со перка....., при такви ситуации кај те нервира поврмено тит, па и ти се пали светло...право во Бардовци
можеби е добро на две или три тит

АвторCOLON  sasoj [Сре Дек 23, 2015 6:40 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: TEND LITE - автоматско светло за шатор

Bobi_Brada НапишиCOLON
Ова е основна верзија која моментално работи СУПЕР и во моментов работам на нејзино подобрување.

Со моите ProLogic сигнализатори се активира на секое тит, додека на некои кинези несакаат да се активира додека не пројде една секунда, добар ран (и нивните бази не се активираат без закаснување од една секунда).

Планирам да го направам да на секое тит се вклучува светлото но по ТРИ секунди се изгасне. Но додека се случи во ТРИ секунди да имаме ПЕТ титки или вистински ран тек тогаш да се вклучи да свети континуирано.

Многу би сакал да ги слушнам вашите размислувања - вашите идеи како би требало да работи ова чудо. Ова пред се бидејки досега немам во живо видено како работат фабричките Tend Lite.

Бoби имaм ДАМ кoмплет сигнaлизaтoри и Тендлaјт светилкa сo нив...зa вo шaтoр се зaкoн
Нa секoе тит,се пaли и свети oкoлу 15-20 секунди,a вo срединaтa имa диoди сo рaзлични бoи...aкo титне нa црвениoт сигнaлизaтoр,свети црвенo итн...
Незнaм сaмo кaкo ќе гo спaриш дa свети сaмo нa твoите сигнaлизaтoри,дa не испaдне удирa кaј кoмшијaтa a свети кaј тебе....a тек зaмисли дa имa некoлку екипи oкoлу тебе или дa си нa нaтпревaр. :D

АвторCOLON  Bobi_Brada [Сре Дек 23, 2015 6:42 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: TEND LITE - автоматско светло за шатор

Boris НапишиCOLON
базата и така ме вади од памет така што звук дополнителен незнам на кој му треба (освен на Мартин евентуално :D )....
јачина на осветлување, како најобична наглавна лампа, или бар малку да се осветли шаторот (ако е внатре), или делот пред шаторот (ако е ставена пред шатор) за да не трчаш во апла црна темница и да се потепаш во мешавина од сон и адреналин
за ова другово, тип на батерии пиши калкулација за два три модели

околу тоа кога треба да се пали, по мене не треба на секое тит затоа што во дадени моменти ќе биде права лудница, тит се случува од тревка на конец, ветер, го пернал конецот со перка....., при такви ситуации кај те нервира поврмено тит, па и ти се пали светло...право во Бардовци
можеби е добро на две или три тит
А што се случува кога ке тргне рибата на кај тебе
Колку титки тогаш имаш

Страна 13 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/