www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Четкици за околу шпунла за непропаѓање на конецот
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=102&t=5805
Страна 11

АвторCOLON  Boris [Саб Aпр 04, 2015 11:57 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Четкици за околу шпунла за непропаѓање на конецот

Сигурно на многупати сте се нашле во ситуација конецот да ви се заплетка т.е намота под шпунлата, поприлично незгодно и нервозно, посебно кога имате исфрлено многу конец и мамецот е во вода, или имаш риба, а ти се случува овој куршлус. Ваквите незгоди фирмите производители ги забележале и поновите модели на машинки имаат заштита од ваквото паѓање на конецот под шпунлата, најчесто заштитата е со четкици од страна.

Сепак, ако немате ваква заштита на машинките, може и сами да направите.

Јас користев трака со влакненца која најчесто ја користат луѓето кои се занимаваат со столарија, јас сум ја видел оваа трака на оние шибер регали и најверојатно служи за да не влага прашина.

Вака изгледа таа трака, јас ја најдов во една продавница која продаваше чешми, делови за столарија, регали и сл....дури ми ја дадоа и без пари

[ img ]
[ img ]

Со нејзино сечење во должина, ширина и со шишање на влакненцата се прават странични четкици за околу шпунлата.

Јас на моите машинки веќе имав од страна шини во кои ги вметнав овие четкици.

Шишањето на влакненцата на лентите е особено битно за да не и пречат на шпунлата при вртењето и идењето нагоре надоле при редењето на конецот, а во исто време и да биде блиску до неа со цел да ја завршат својата работа, да не го пуштат конецот да падне и намота под шпунла.

При првиот обид кај мене должината на влакната беше голема и до некаде и пречеа на шпунлата, тоа изгледаше вака
[ img ]

После средувањето и шишањето, финалниот производ изгледа вака
[ img ]

За оние машинки кои немаат шини од страна, лентичките можат да се залепат, сепак ако ги лепите гледајте шишањето и средувањето на четкичките да го направите пред да го залепите, затоа што за разлика од оние машинки кои имаат вакви шини од страна и каде што лентата можеш да а вадиш и ставаш се додека не ја дотераш како треба, ...ако лентата ја лепиш, после лепење нема вадење.

АвторCOLON  Azder [Нед Aпр 05, 2015 9:32 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Четкици за околу шпунла за непропаѓање на конецот

Boris,toj problem nema koj ne go iskusil,samo sto ne sum siguren deka ova ke go spreci istoto.

АвторCOLON  Boris [Нед Aпр 05, 2015 4:27 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Четкици за околу шпунла за непропаѓање на конецот

ја не го измислив, ова веќе го има на многу машинки, фабрички ставено и си ја врши работата...

АвторCOLON  akiribar [Чет Aпр 16, 2015 7:06 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Четкици за околу шпунла за непропаѓање на конецот

jas imam nekolku mashinki fabrichki vakvi i za sega se ok

Страна 11 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/