www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 23, 2024 4:24 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON BaitBoat ТИТАНИК-5
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 12, 2015 1:59 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
По многу часови поминати во цртање и експериментирање конечно заврши конструкцијата на новиот брод хранилка. Четврти проект по ред. Кој поуспешен, кој понеуспешен. Секој со своја приказна.

Титаник-2, катамаран со димензии од 600 х 340 х 100mm подвижуван од еден еднонасочен мотор од 25W споен на централно поставена двокрака перка со радиус од 36mm. Доживеа само пробно возење. Направен од прирачен материјал, со многу конструкцијски грешки поради непознавање на многу работи од областа на хидродинамиката. Одлично функционираше се додека брзината не му се зголемеше над една третина. На поголема брзина веднаш почнуваше прамецот да се нурнува под вода, како подморница при занурнување. Ова и не е некој голема мана бидејки од бродчиња од овој вид никој не изискува брзина. Но, при влошени временски услови, ветер и бранви, не е на одмет да се биде брз. Да се биде силен. Најголем недостаток сепак му беше силуетата од едвај 100mm од кои добар дел влегуваа под нивото на водата. На пoла ГогоМонд при бранчиња и одблесок од Сонце веќе беше проблем да се следи и командува.



[ img ]


Титаник-3, катамаран со димензии од 512 х 404 х 205mm. Деловите за прототипот се изработени рачно, сечени со скалпер од 3mm Форекс, додека деловите за финалната верзија се сечени на CNC машина. Извонредна линија и стабилност. Подвижуван од два независни еднонасочен мотор со моќност од по 15W споени на турбински поставени двокраки перки со радиус од 36mm. Насоката и правецот на движење остварени со синхронизација на работата на моторите за чива контрола е развиена и изработена посебна електроника. На пробно возење поради греење на моторите ги истопи држачите. Поради конструкцијата трупот не беше во можност да му вградам водено ладење на моторите. Поради ова не го користев но не заврши во канта за одпадоци како неговиот предходник. Му го подарив на ДаниелВелес. Тој за него набави нови PWM мотори од по 100W. Со оволкава сила на моторите при половично оптеретување не им е потребно некое посебно ладење, а и конструкцијата на носачите на моторите ја сменивме.






Титаник-4, катамаран со скоро идентичен изглед како неговиот предходник Т-3. Продолжен е за 100mm и сега е со димензии од 612 х 404 х 205mm. Два мотора со моќност од по 300W секој. Две двокраки перки со радиус од 36mm турбински поставени. Водено ладење на моторите и контролерите за нив. Дигитална програмабилна телекоманда. Двојно подолг усисен канал за вода (100mm) со насочувач на млазот на водата при движење наназад. Чудо тешко 5,5kg со исто толкава носивост. Толеранција при конструкција со SolidWorks од 0,01mm односно од 0,1mm при сечење на CNC машина. Капацитет на литиумска акумулаторската батерија од 26Ah. Користен и на Вардар (за жал немам слика). Две години во употреба и . . . Оди во пензија. Повторно иста грешка. Конструкцијска. Таков е каков е и крај. Неможе ништо да му доградам во трупот, а мене ми се увртело во глава дека мора да има вграден сонар. И евентуално подводна камера. И . . . И правиме нов.






Титаник-5 е со минимални промени во надворешниот изглед во однос на своите предходници Т-3 и Т-4. Неговите димензии се 559 х 406 х 185mm, но затоа внатрешната конструкција е тотално различна. Т-3 и Т-4 имаа отвори со капаци лево и десно од горна страна за пристап до моторите и батериите, и од долна страна на прамецот и крмата за пристап до електрониката и сервомоторите. Кај новата верзија овие отвори ги нема. Целиот горен дел представува капак на една огромна кутија. Со ова е добиен целосен пристап до внатрешноста на трупот. Ги нема повеќе ниту дуплите ѕидови, а наместо нив за поголема цврстина надворешниот ѕид е двојно подебел.

[ img ]

[ img ]


И погонската група, турбините претрпеа драстични промени. Кај Т-3 и Т-4 турбините беа една неразделна целина интегрирана со трупот. Турбините беа најобична 50mm долга цевка која повеќе имаше функција да ја заштити перката поставена во нејзе од оштетување одколку се друго. Новата турбина е независен дел за себе и е во вистинската смисла е турбина, водна пумпа.

[ img ]

Новата турбинска цевка е со должина од 113mm и е составена од три дела. На почетокот на првиот дел со должина 50mm и диаметар 38mm сместена е трокрака перка и представува резервоар на вода со зголемин притисок. Следува конусен дел од 30mm должина и диаметар од 38 до 25mm во кој водениот притисок дополнително се зголемува. Третиот дел е повторно цевка долга 33mm и диаметар 25mm. Водата која под зголемен притисок излегува од третиот дел има спирално ротирачко движење предизвикано од вртењето на перката. Поради ваквото движење нејзината брзина на истекување е намалена. За неутрализирање на овој ротирачки ефект во внатрешноста на третиот дел се поставени две вкрстени површини и должински ја делат на четри дела. Ваквата конструкција на турбината десетина пати ја зголемува нејзината ефикасноста.

[ img ][ img ]

[ img ]


Изработката на новиот брод е доста поедноставена во однос на неговите предходници. Во план сум да по тестирањето на вода од него направам калап како би можел да го реплицирам од полиестер.






Во Титаник 5 ке бидат вградена истата погонска група како кај неговиот предходник Т-4. Два 300W PWM мотори со водено ладење. Ке биде користена и истата телекоманда. Кипањето на храната исто нема да претрпи промени иако во неколку наврати размислував да го сменам и да биде со вратичка.

Промени ке има во системот за развлекување. Ја напуштам концепцијата на индиректо одкачување на јадиците со ротирањето на кадите. За таа намена ке бидат користени електромагнети или посебни серво мотори.

На предната страна ке биде поставено CREE LED осветлување чив зум ке биде контролиран со телекомандата.

Покрај безжичниот сонар во план е поставување и на две камери. Едната напред, а другата на трупот и ке снима под вода. Сликата од камерите, ке се следи на мал монитор на брегот. На мониторот покрај сликата ке можат да се следат и телеметријските податоци (напон на погонската батерија, потрошувача на струја, температура на вода . . . ) добиени од сензорите вградени во бродот. На мониторот ке се одчитуваат и податоците добиени од вградениот GPS уред.

Како јагодка врз шлаг треба да биде вградување на автопилот. При првото возење и сондирање на теренот со сонарот и камерата би се одбрала локација која би била меморирана во базата на податоци на автопилотот. При секое следно возење бродот сам би одел до зададената локација, бија истурил прихраната – јадицата и сам би се вратил назад.

Дел од опремата за новиот брод веке е пристигната. Дел е во фаза на нарачка. Но за добар дел тек треба да се направи финансијска конструкција. Како и да е со новата конструкција ке има простор за играње. За надоградување.

Поради претрпената критика на овој форум, Титаник 5 ке остане само проектно име. Новиот Dron Bait Boat, по кумувањето на СпироЈас ке се вика АРКА Т-5.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: BaitBoat ТИТАНИК-5
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 12, 2015 2:16 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Сеп 21, 2012 2:25 am
МислењаCOLON1322
ЛокацијаCOLONПрилеп
:shock: :hit_head:

Јас (ако некогаш почнев) веројатно ќе застанев кај Т1 :)

Боби, по груба пресметка, Т3 со послабите мотори како на Даниел, со минимум опрема, ништо специјално само да кипа и да развлекува, колку би чинел?
Зборувам за материјалот, изработката би била башка...

_________________
---> ИмАмЕ цРвИ, АуТотО нИ ШибА, дЕнЕс СитЕ оДиМе дА ЛоВИмЕ РибА <---
Мувата е НајМакедонскиот инсект! Ем јаде л@јна, ем трие раце во стилот „ добро е, добро е !!! “...

Постои само една солуција - РЕВОЛУЦИЈА !!!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: BaitBoat ТИТАНИК-5
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 12, 2015 2:34 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Санта нема некоја разлика во цена на Т-3, Т-4 или сега АРКА
Најгруба проценка би била следна
2 х мотори - 20$
2 х контролери - 20$
2 х серво - 10$
1 х телекоманда - 50$
. . .
Ај нека не биде 100 нека биде 120$

е да и 2 х осовини со перки 25 - 30$

Се зависи како ке начекаш на пазар.
Еднаш има попуст, другпат нема


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: BaitBoat ТИТАНИК-5
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 12, 2015 2:40 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON4783
ЛокацијаCOLONskopje
chesttitki za proekttot BROD!
BRAVO MAJSTORE :~~ BISTRO0oooo

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: BaitBoat ТИТАНИК-5
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 12, 2015 2:42 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Сеп 21, 2012 2:25 am
МислењаCOLON1322
ЛокацијаCOLONПрилеп
Супер цена излегува. Добро сега со арка сигурно ќе има голема разлика во цена, автопилот, две камери, сензори, сонар... Би сакал некој најпрост колку да ми брка работа до кај 100тина метри, само да кепа и да развлекува - ништо друго... Само треба и ментето да ти фаќа, џабе сакам кога за вакви работи сум тапа, теле...

_________________
---> ИмАмЕ цРвИ, АуТотО нИ ШибА, дЕнЕс СитЕ оДиМе дА ЛоВИмЕ РибА <---
Мувата е НајМакедонскиот инсект! Ем јаде л@јна, ем трие раце во стилот „ добро е, добро е !!! “...

Постои само една солуција - РЕВОЛУЦИЈА !!!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: BaitBoat ТИТАНИК-5
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 12, 2015 2:50 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Санта сепак мислам да за разлика од 50 од поефтина варијанта до релативно солидна не би требало да размислуваш

Мотор од 100W без водено ладење е околу 10$ а мотор од 300W со водено ладење е 20$
Не ми е потребна толкава сила но не е исто и нешто да го користиш на максимални перформанси и нешто да користиш само на пола сила.

Се слагаш мислам


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: BaitBoat ТИТАНИК-5
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 12, 2015 2:53 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON4783
ЛокацијаCOLONskopje
dokolku go napravish kako shto go predstavi i kako shto go zamisluvash toa ke bide najdobriott brod od ovoj tip napraven nekogash barem taka mislam nesum videl shtoima na pazar sepak ke bide zhems bond 00008978767...
bravo bobi kameri,svetlo,lokacii... :lepi: sekoj bi posakal takov brod ;)

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: BaitBoat ТИТАНИК-5
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 12, 2015 2:57 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Нешто такво имам гледано на нет Аки
и цена му е околу 2500 евра


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: BaitBoat ТИТАНИК-5
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 12, 2015 3:04 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Сеп 21, 2012 2:25 am
МислењаCOLON1322
ЛокацијаCOLONПрилеп
Bobi_Brada НапишиCOLON
Санта сепак мислам да за разлика од 50 од поефтина варијанта до релативно солидна не би требало да размислуваш

Мотор од 100W без водено ладење е околу 10$ а мотор од 300W со водено ладење е 20$
Не ми е потребна толкава сила но не е исто и нешто да го користиш на максимални перформанси и нешто да користиш само на пола сила.

Се слагаш мислам
Да, да апсолутно. За тоа не е проблем за 30-50 $, за мене не мора да има автопилот, сонар и камери, мислам сето тоа е убаво, ама според моите можности а реално и потреби би ми бркало работа нешто најосновно...
Еве ова мислам дека е некаде во рангот на Т3 http://www.rcavioni.com/rc-brodovi/223/ ... 190-detail

_________________
---> ИмАмЕ цРвИ, АуТотО нИ ШибА, дЕнЕс СитЕ оДиМе дА ЛоВИмЕ РибА <---
Мувата е НајМакедонскиот инсект! Ем јаде л@јна, ем трие раце во стилот „ добро е, добро е !!! “...

Постои само една солуција - РЕВОЛУЦИЈА !!!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: BaitBoat ТИТАНИК-5
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 12, 2015 10:59 am 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
,,На предната страна ке биде поставено CREE LED осветлување чив зум ке биде контролиран со телекомандата.

Покрај безжичниот сонар во план е поставување и на две камери. Едната напред, а другата на трупот и ке снима под вода. Сликата од камерите, ке се следи на мал монитор на брегот. На мониторот покрај сликата ке можат да се следат и телеметријските податоци (напон на погонската батерија, потрошувача на струја, температура на вода . . . ) добиени од сензорите вградени во бродот. На мониторот ке се одчитуваат и податоците добиени од вградениот GPS уред.
,,
секоа чест Боби, арката ке биде топ :ok_ok: :NotWorthy:
пошто ке ставаш лед еден мал предлог мислам дека е изводлив
-- кога арката ке е во мисија(значи оди кон хранилиште ) -- да на неа свети ЦРВЕНО СВЕТЛО, а кога би тргнувала кон обала да се автоматски пали зелено индикатор светло, со ледот тоа е изводливо

оваа финта(не е баш финта него се знаци за пловидба) ја имаше еден грк во неапори на неговото бротче за развлекување на струкови за морски риболов
- и седејки со него на обала се покажа доста корисна кога бротчето оди кон море а некој има со чамец го гледа црвеното светло и знае дека ке му пресечче пат т.е -според светлото му го знае и правецот на движење на бротчето(објектот кој плови)
додека кога ке се врака назад кон обала се уклучува зелено светло

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 1 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum