-Ајде малце да дадеме значење на спин техниката во Македонија, да кажеме кратко и јасно како може да се направи воблер, и тоа да лови риби. Си викам , чим можат мајсторите од Србија да прават воблери зашто и ние да не правиме? На почетокот немав скоро ништо све почна од обична жичка , голема благодарност до Сашо и Васил кои многу ми помогнаа со основни материјали и по некој совет колку да почнам да работам. Тука беше цело зимо мајстор Славче од Штип кој се бави повеке од 20 години со изработка на воблери доста познат во Штипскиот регион. Да не го заборавиме и мајстор Зека со кој се консултирав исто така .
На почетокот почнав со најосновен материјал односно Липата , Сашо ми даде Самба и балза , па пробав од сите видови дрва и секое си има своја тежина а и намена.
Ке направам мала презентација убаво објаснето како се склопува воблерот, потребен материјалЧ
Дрво(Липа, Самба или Балза а може и од канадска топола) , мала клешта , скалпел, забарска жица , кит за затворање на каналот.
By
kircas at 2012-08-11
Го зимаме парчето балза отцртуваме странично воблерот тоа изгледа вака....
By
kircas at 2012-08-11
Ги сечеме парчинјата да бидат секое засебно, зимаме скалпелот и полека по горната и од долната страна го доведуваме визуелно обликот на воблерот.
By
kircas at 2012-08-11
By
kircas at 2012-08-11
Кога ке го изделкаме од долната и од горната страна, го отцртуваме по средината симетрично а може да си имате и шаблонче го досредувате од страните, а потоа настапува груба шмиргла бр80 ка . Добро ке го обрусите ке ги симнете сите ивици од воблерот да биде топчест.
Потоа со помош на пиличка отварате канал по симетрија на воблерот односно по средината.
By
kircas at 2012-08-11
Каналот убаво ке го раширите затоа што треба да има место и за оловото со кое го отежнувате воблерот. Потоа зимате парче од забарската жица и постепено чекор по чекор почнувате да ја виткате .
By
kircas at 2012-08-11
Откако ке ја сместите жицата во воблерот заедно со оловото, го затварате каналот со кит за коли китирање. Следи фазата на заштитување на дрвото , јас користам Целулоид, а може и со други заштити како на пример двокомпонентен лепак од 12 часа на врзување.
Откако е добро заштитен со 3 раце воблерот е спремен за фарбање , но јас исто користам и алуминиумска хартија самолеплива за обвитување на воблерот.
By
kircas at 2012-08-11
By
kircas at 2012-08-11
By
kircas at 2012-08-11
Вака испеглан среден воблер , може да иде уште две раце во заштита во целулоид, и понатамо следи фарбање по желба на мајсторот. Мојот изгледаше вака.....
By
kircas at 2012-08-11
Овде иде 4 раце заштита на бојата финално, и следи монтирање на пактата , материјал користам Макролон а може и целулоидна табла .
Следи успехот на воблерот тестиран на козјак а испадна и екста ловен со клен од 1.380кг
By
kircas at 2012-08-11
Секогаш кога ке се склопи воблерот обавезно мора да се тестира и да се прештелува жицата на воблерот односно да се балансира....
By
kircas at 2012-08-11
By
kircas at 2012-08-11
Се надевам на некого ке помогнам , да почне да проба да направи свој воблер поздрав до сите и бистро од следната моја рубрика .