Боби, пиши ми колку ќе чини една ваква лампа со сите подобрени карактеристики што ги наведе ако е возможно?
Инаку моментално користам Delkim Txi - Plus, не знам какво ти е искуството со нив?
Имаат Централа така да не ми е битно да ми пишти и Сијалицата, само да се пали на сигнал од сигнализаторите, то ест на ран !
Сергеј мораме да пробаме на лице место.
Многу производители почнаа да си го штитат пазарот (читај уценување на рибарите и продавање ветер и магла) со користење на нестандардни кодови на идентификација така да се потешко станува да се направи универзален гаџет-асесори за риболов.
Во недела на кастинг ја донесов базата што ја правев за Васил но не работеше со неговите сигнализатори. Васил ми немаше кажано на време дека неговите сигнализатори работат на 800MHz (најчесто користена фреквенција на американскиот пазар), а јас базата ја направив за 433MHz (европски односно најраспространет стандард). И французите се за никаде. Безжични производи купени на нивен пазар работат на фреквенција од 315MHz.
Се ова усложнува работа и сепак мора да се проба.