www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Сре Ное 27, 2024 2:20 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS15»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Македонска пастрмка
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 27, 2010 8:57 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Тука ќе искористам еден текст кој го постирав на еден друг форум каде што се дискутираше за македонската автохтона пастрмка.
Jас ја викам “поточна пастрмка“, со оглед на тоа дека и те како се разликува од калифорниската и другите пастрмки во Македонија, посебно по точките кои воглавном се црвени и црни. Инаку наводно е ендемска врста која потекнува од реката Вардар и Кадина река, латинско име и е Salmo macedonicus, за разлика од неа, охридската се вика Salmo letnica, калифорниската Salmo gairdneri итн.
Ја има на Балканот насекаде, но претежно во егејското и јадранско сливно подрачје. Инаку генетски е докажано дека постојат 2 типа на кафеави пастрмки во Македонија, Salmo macedonicus and Salmo pelagonicus, и како такви се познати насекаде низ светот.

http://zipcodezoo.com/Animals/S/Salmo_macedonicus/
http://onlinelibrary.wiley.com/doi/10.1 ... x/abstract

Дури и во Србија пастрмката се води како македонска
http://www.rsv.org.rs/ogranicenja.html

А тука ќе прочитате какви се врсти на пастрмка има:
http://www.answers.com/topic/salmo-1
http://en.wikipedia.org/wiki/Salmo

Од местата каде што одам по риба, најблиску ја имам во вевчанското рекиче што се улива во Дрим кај Добовјане, но за жал “браќата“ во Велешта и ебаа дете ноќе со рефлектори и огледало/трозабец, и нормално со мрежи. Ја има и во Треска, помеѓу Извор и Мак.Брод. Ја има и скоро во сите помали ладни планински реки, а и во горните делови на поголемите реки (мада речиси е насекаде истребена)

Јас ја имам фаќано со чаури (упс) на Беличка река, и да ви кажам - ептен е вкусна :)
Во Радика има друг тип на пастрмка (salmo faroides), а во реките околу Охридско езеро има и т.н. Гарска пастрмка (Salmothymus obtusirostris), која има само црни точки.

Инаку се спремам да тркнам до Кадина река, таму има доста пастрмка и убав клен, со оглед на тоа дека реката која е долга 34км не поминува во близина на населени места и е една од најчистите реки во Македонија. Здравје, можеби ќе направам и некоја интересна репортажа :)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Македонска пастрмка
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 27, 2010 9:28 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 6:08 pm
МислењаCOLON13
Не ти е лоша идеата да тркнеш до Кадина има што да се види. Таму немам отидено од кога пуштија отров кај рибникот (пред околу 10 години) и тотално ја замреа реката. Имаш ли информација дали и колку е активна пастрмката и на каков мамец се брка? А и кој дел планираш да го посетиш? БИСТРО.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Македонска пастрмка
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 27, 2010 9:37 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Немам никаква информација во моментов, деновиве треба да ги добијам информациите и ќе ги споделам тука

Инаку би отишол негде во средина на реката, надолу пред уливот во Вардар има населено место, а нагоре према изворот, во клисурата се случува да те гаѓаат “братчињата“ од горе со камења. Најубаво во средина некаде, дивина, уживање :)

Инаку сум бил на Кадина горе кај месноста “Жаба“, под планинарскиот дом Караџица. Тогаш фаќавме пастрмки со раце во брзачиња меѓу камења.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Македонска пастрмка
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 27, 2010 10:08 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 6:08 pm
МислењаCOLON13
Чекам на информација ;) . Доколку е активна би отишол од вливот на Мала река (под викендиците, некогаш излетничко место на драчевци а сега ...) па нагоре. Има убави вирови каде на времето вриеше од пастрмка и речни ракови. Со воблер, блинкер или васер кугла не би се вратил со празни раце.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Македонска пастрмка
ТемаИспратеноCOLONПет Oкт 29, 2010 10:40 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 12:47 am
МислењаCOLON1119
ЛокацијаCOLONАеродром
Ribari da ne ima zabrana za pastrmka :?

_________________
Podobro da si malku lud, otkolku da si malku pameten
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Македонска пастрмка
ТемаИспратеноCOLONСаб Oкт 30, 2010 9:21 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
На старите дозволи убаво си пишуваше од кога до кога е забрана :) Убаво што ме потсети, па прочитав дека е од октомври до крај на февруари :)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Македонска пастрмка
ТемаИспратеноCOLONВто Јан 11, 2011 3:52 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Дек 08, 2010 10:34 pm
МислењаCOLON1072
ЛокацијаCOLONskopje
eve drugar da ne se sekirame za opstanokot na vrstata,ja imalo i ke ja ima.Sega problemot e da se socuva ova sto e pusteno odnosno racionalno da se lovi i poribuva.
Околу 8.000 парчиња македонската ендемична пастрмка Salmo macedonicus /Karaman, 1924/, денеска се пуштени водите на акомулационото езеро Матка.

Целта на проектот е да се овозможи заштита на македонската пастрмка, и зголемување на
бројноста на популацијата во течението на реката Треска, вклучувајќи ги и акумулациите Матка, Св.Петка и Козјак, соопшти Град Скопје.

„Градот Скопје ги поддржува активностите предвидени со проектот за заштита и реинтродукција на македонската ендемична пастрмка во водите на Македонија, а со посебен акцент, во водите на езеро Матка и реките Треска и Вардар на територијата на градот Скопје. Денеска во водите на езерото пуштивме околу 8 000 парчиња пастрмка Salmo macedonikus и ова е второ порибување на Матка. Ефектите од порибувањето со ендемична пастрмка веќе се видливи и имаме информации дека пастрмките што минатата година ги пуштивме во водите на езерото Матка се приспособиле на овдешните услови“, истакна градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Главен финасиер на проектот е ГЕФ (Глобален еколошки фонд), којшто учествува во финансирањето со 50% од средствата, односно со 40.000 долари.

Завршниот дел од Проектот ќе се реализира кон средината на ноември, со порибување на
езерото Треска со 6.000 нови парчиња од македонската пастрмка и со презентација на целиот проект со којшто во водите на територијата на Македонија се пуштени околу 100.000 млади парчиња од ендемската пастрмка низ целиов овој период од две години колку што траеше проектот.

_________________
...?


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Македонска пастрмка
ТемаИспратеноCOLONВто Јан 11, 2011 8:22 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Немора да кршите коли до вливот на Мала река и Кадина или до Вевчани.Пастрмка овие денови ваделе на Треска кај последна 2ка во Сарај и кај мостот кај Грчец-Чичино село на грозд бели црви и на воблер,удирале парчиња и до 2 кг а знаел да удри и по некој голем бојник.Забрана е ама удри никој немало :o .За мене лично нема шанси да отидам во забрана. :twisted: А тие што треба да ја чуваат нека си се грејат до ќумбињата ладно е овие денови а плус и магла па може и да настинат. :x

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Македонска пастрмка
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 03, 2011 11:26 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONСаб Јан 15, 2011 8:45 pm
МислењаCOLON27
Ima li nekoj slika od nekoj ulov na makedonska pastrmka?


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Македонска пастрмка
ТемаИспратеноCOLONПет Феб 04, 2011 9:18 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Еве една слика од ПЕРУН - мислам дека беше на Треска :)

[ img ]

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS15»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 3 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum