www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

5 луѓе-700 пастрмки
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=10&t=2046
Страна 14

АвторCOLON  Poliz [Пет Maј 04, 2012 7:14 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  5 луѓе-700 пастрмки

Можеби треба да земеме пример од колегите од соседството.
******преземено од http://www.nariba.com *********
Поздрав,колеги ;)
Во сабота 5 март - јас и уште 4 колеги направивме нешто за коешто отсекогаш сме мечтаеле.
Но, да почнам малко по оддалеку :)
Доста често доаѓајќи си од работа низ џебовите ми дрнкаа многу ситни монети и ми дојде една луда идеја да ги собирам како во касичките од детството и еден ден да ги искористам за некое добро дело. Е тој ден беше 5 -ти март.
Еве мал дел од нив.
[ img ]
Тука се построени и готови за во битка :D
[ img ]
Во сабота наутро,две коли со 5 луѓе во нив, се упатија кон предназначеното место ,со една единствена мисла и цел - да ги претворат килограмите монети во мали дамкасти,желни за бистра вода-зверчиња ;) .
Планината не пресретна намрштена,но ведрите физиономии беа посилни од се.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Еве ја целата формација , со Спас зад фото апаратот ( колегата од последната фотографија)
[ img ]
Ја собравме целата сума и пристапивме кон запакување и спремање за транспорт на малите рипчиња.

Еве ги и малите дамкасти и забести зверчиња со размер меѓу 11 и 16 см .
[ img ]
[ img ]

Овде е местото и за едно големо БЛАГОДАРАМ за сопственикот на прекрасниот рибник ,кој ни ги оддели уште попрекрасните рипчиња.
Рипчињата,околу 700 на број беа нежно натоварени в 2 -та автомобила.

[ img ]
[ img ]
[ img ]
По збогувањето со луѓето од рибникот,веќе летавме кон одбраната дестинација.
Следуваа 2 часа возење без парно во автомобилот ,за да не им наштетиме на малите пастрмчиња.
Имаше многу клацкање во планински црни патишта,но ништо не можеше да не уплаши ;)
[ img ]

Реката - мала и бистра ,ги очекуваше новите жители ;) .

[ img ]
[ img ]
[ img ]

Задолжителна аклиматизација...
[ img ]

Се распоредивме во реон од 3 километри....
Од овде па натаму ќе раскажувам во прво лице , затоа што,за да покриеме поголем реон ,секој со својата ќеса се упати самостојно да порибува... ;)
Со растреперено срце,ја отворив мојата вреќа :shock: :shock: :D :D
[ img ]
[ img ]
[ img ]

Малите дамкасти зверчиња беа во страшно добра кондиција,желни за нови за нив подвизи во бистрата река.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Каде е рибатааа :)
[ img ]

За околу еден час ,го завршивме тоа за коешто бевме дојдени :D
Еве еден "мушичар" - задоволен од завршеното.
[ img ]

Ајде уште двајца задоволни :)
[ img ]

И последниот од помагачите ,завршувајќи ја перфектно својата задача....
[ img ]

Перфектно спроведено на терен со пријатели среде природата - за мене една остварена МЕЧТА. А малите жители уште во првиот момент веќе ги тормозеа локалните животинки :)

Една финална фотографија,која кажува се ;)
[ img ]
Една насмевната мала рипка ни заблагодарува со нејзината задоволна физиономија 8-) .
Што повеќе му треба на човек?

АвторCOLON  vice [Пет Maј 04, 2012 7:27 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 5 луѓе-700 пастрмки

ubav mal proekt na kolegite od bugarija koj e za primer ! bravo i bistro ;)

АвторCOLON  laguna644 [Пет Maј 04, 2012 7:28 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 5 луѓе-700 пастрмки

Sekoja cest za kolegite od BG.........RESPEKT :o

АвторCOLON  Krki [Пет Maј 04, 2012 8:05 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 5 луѓе-700 пастрмки

Alal neka im e i golemi da porasnat.

АвторCOLON  Spaiva [Пет Maј 04, 2012 8:21 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 5 луѓе-700 пастрмки

Каков пример, БРАВО!!!

АвторCOLON  ТафТабиТ [Пет Maј 04, 2012 8:26 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 5 луѓе-700 пастрмки

[ img ]

АвторCOLON  Ice MAMBA [Пет Maј 04, 2012 8:40 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 5 луѓе-700 пастрмки

Sekoja cest momci

АвторCOLON  Slav4e [Пет Maј 04, 2012 8:46 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 5 луѓе-700 пастрмки

Прекрасна замисла и реализација,секоја чест момци!! 8-)

АвторCOLON  saso [Пет Maј 04, 2012 8:48 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 5 луѓе-700 пастрмки

Nesto slicno no za druga namena sobiram i jas 10 i 50 denarki.
Sekoe utro koga pristignuvam na rabota go otvaram novcanikot i gi vadam zeleznite 10 i 50 denari i gi stavam vo staklena kugla pored klasorite so dokumenti i pecatite na Zdruzenieto Ribar 2011. :roll:
Nemate pretstava kolku se sobira za relativno kratko vreme.
Ke ja slikam kuglata vo ponedelnik.

АвторCOLON  spiro_jas [Пет Maј 04, 2012 10:15 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 5 луѓе-700 пастрмки

браво супер идеа - а имам јас еден дрвен ќуп полн со ситнеж од кусур (значи секој ситнеж,меална пара си оди на страна ) и еден ден ке си го најди местото ;)

-уште еднаш браво за целата екипа и за ентузијазмот вакви примери треба да се множат и кај нас

Страна 14 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/