Јас сум за, доколку добиеме дозвола за тоа (дали од МРФ, дали од МЗШВ, не знам кој е надлежен точно)
Инаку, не сум за на своја рака да порибуваме, не сме стручни за да знаеме дали ќе предизвикаме некаков дисбаланс во водата. Види го Тиквешко со америчките сомчиња...
Исто е многу битно каде би се вршело порибувањето.
Се слагам, и ако векје може тогаш Бас, баш поради сомчињата. Атрактивна риба за риболов, и одговара
топла вода, би требало да ги тамани сомчињата и да расте. Светскиот рекорд е од Ескондидо Калифорнија каде
температурата на воздухот се движи вака:
МЕСЕЦ - МАКСИМУМ - МИНИМУМ
-----------------------------------
Јануари - 20.4° - 6.1 °
Февруари - 20.6 ° - 6.8 °
Март - 21.3 ° - 8.3°
Април - 23.6° - 10.1°
Мај - 24.8° - 12.5°
Јуни - 27.8° - 14.5 °
Јули - 30.7 ° - 16.6 °
Август - 31.5 ° - 17.3°
Септември - 30.3 ° - 16.2 °
Октомври - 26.7 ° - 12.8 °
Ноември - 23 ° - 8 °
Декември - 20.6 ° - 5.3 °
Годишен просек - 25.1° - 11.2 °
Ми беше интересно да споредам, потопло e од кај нас и помалку варира,
треба и темпаратура на водата да се најде