www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Штука
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=10&t=20
Страна 211

АвторCOLON  goceBitola [Пет Aпр 13, 2012 3:23 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Штука

Сабајлево бев до туланата да пофрлам малку и се излага едно мало штукче
[ img ]
кое беше пуштено да плива и расти до наредната средба ;)
[ img ]

АвторCOLON  petarkarma [Вто Aпр 17, 2012 2:33 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Штука

goceBitola НапишиCOLON
Сабајлево бев до туланата да пофрлам малку и се излага едно мало штукче
[ img ]
кое беше пуштено да плива и расти до наредната средба ;)
[ img ]
Gocka , ova na onaj baeniot vobler ja fati , so go imase vcrkva ostaeno 40 dena , a??? :D

АвторCOLON  Keltan [Чет Oкт 11, 2012 7:09 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Штука

A sto te interesira ? prasaj ovde , imame dosta stukadzii

АвторCOLON  Илчо [Чет Oкт 11, 2012 7:47 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Штука

Keltan НапишиCOLON
A sto te interesira ? prasaj ovde , imame dosta stukadzii
Полно работи ме интересираат :lol:
Ми треба совет за зимско време на езеро рибарење од обала што да испробувам ? Езерово има длабочина на некои места почнува директно 2м.Исто така каде да ја барам на некои места каде што има трска или почисти ? Нешто слино како кострежот околу паднати гранки,дрва околу камења ? Кој слој од вода плитко длабоко попери да користам тропката на воблер дали е битна ? На све сумливо да удирам контра или да чекам трската од раце да ми ја зима ? :lol: :lol: :lol: У кратки црти тоа ме интересира :fishing:

АвторCOLON  howitz [Чет Oкт 11, 2012 7:55 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Штука

Штуката е предатор и секогаш односно најчесто лови од заседа, покрај гранки, треви, паднати дрвја а знае и често да биде на сама обала. Кога е во трева/гранки најчесто не оди подлабоко од 2 метра, бар зимски период кога е најактивна и највеќе се храни.
Во поголеми езера е малку потешко да ја бараш ако нема никаков мешовит терен, трева, трска, гранки, дрвја. Тогаш треба повеќе да го прочешлаш теренот, длабината и нон стоп да си во движење околу езерото. Запамти, штуката се бара, не чекаш она тебе да те најде.
Најчесто лови при залезот на сонцето и во текот на денот кога највеќе се гледа затоа што не гледа баш најдобро кога е темно.
Накратко некое мое искуство е ова се надевам ќе ти користи затоа што има многу фактори за ловење на овој доберман како што го вика Спиро.
А да, користи и сајла, било каква и секако .. големи воблери.

Она што е потребно за успех во ловот на спинот е упорноста и да му веруваш на воблерот или железото кое го фрлаш. Кога одам на спин во подобри денови кога временските услови тоа го дозволуваат се случувало да поминам и по 10 километри дневно.

Како за пример ќе ти го наведам Гогомонд. Дневно лани имав направено 20 круга околу езерцето барајќи ја штуката. На 20 - круг ми удри една од 3 кг. Упорност, јаки нозе и јака рака!

А зошто да користиш големи варалици ? Затоа што варалиците имаат трокуки, а тие се непријател за устата на било која риба, кога ја користиш големата шансите за да се оштети рибата (па и да умре се мали ), со големи трокуки, нема да може длабоко да го проголта мамецот длабоко во нејзе.

АвторCOLON  Илчо [Чет Oкт 11, 2012 8:05 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Штука

Ми помогна ми го одговори најголемото прашање за длабината има доста затревени места со потонати дрвја тука од прилика јас и го бркам кострежот али нешто слично прави за она до обалата :shock: На паљурци еднаш по тревките натам навам фаќав,а најголемиот за таа ден до самата обала го фатив.Според досега собраните информации штуката воглавно е како костреж на стрероиди не се плаши од ништо и има поголем апетит од прилика на исти места да го барам со ПОГОЛЕМИ воблери :D А за упорност нема проблем тоа е дел од секој вид на риболов обично рибарам додека ми дават условите или фати скорз темница не гледам каде флрам или почиња да грми треска,ветерот бричи :D

АвторCOLON  saso [Чет Oкт 11, 2012 8:07 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Штука

Plitkoronci no ne zaboravaj i nekoja posiroka kasika.

АвторCOLON  Илчо [Чет Oкт 11, 2012 8:13 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Штука

Неможев да најдам некое добро видео каде се лови на подлабоки места само на некои бари со по 2м длабочина па си помислив за езера би требало во подалбоко да ја бркам :roll: Лошо сум разбрал :think:

АвторCOLON  howitz [Чет Oкт 11, 2012 8:16 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Штука

Исто така немој да заборавиш дека штуката е интелегентна риба, особено има изразено остар осет за надворешната околина. Биди тивок, не прави многу галама надвор од водата, а во водата слободно воблерите нека ти удираат на површина.

Друга работа со контрирањето на штуката.

Кога и да ловиш штука, кога ќе го добиеш ударот одма знаеш дали штуката е навистина добро закачена и најчесто нема потреба од некоја специфична појака контра. Немој да се разочаруваш од откачувања, штуката е добар мајстор за да се откачи од мамец. Таа е специјлист за death roll одосно тоа е карактеристична одлика на предатор како што е крокодилот, веројатно го има наследено тоа. Се врти во круг и излегува над вода се додека не се ослободи, вистински адреналин е тоа.

И гледај што почесто да ја враќаш во вода, многу во Македонија не ја сакаат во водите но таа е вистински заштитник на видовите на риба кога доаѓа до болести. Нели, ги јаде оние болните најчесто.
Volcko НапишиCOLON
Неможев да најдам некое добро видео каде се лови на подлабоки места само на некои бари со по 2м длабочина па си помислив за езера би требало во подалбоко да ја бркам :roll: Лошо сум разбрал :think:
Ќе ја бараш, дали ќе почнеш од најплитко кон најдлабоко или обратно останува на тебе. Ако ја има во водата таа ќе ја нападне твојата презентација.

АвторCOLON  Илчо [Чет Oкт 11, 2012 8:20 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Штука

Не почесто него секогаш ќе ја враќам одма после кратка фотосесија :tafta: бидејќи таму ја има во мал број и сакам да и овозможам шанса да се размножи за во иднина пак да можам почесто да ја факам и јас така и другите љубители на спин риболовот. :D :D Само незнам дали има услови за успешно размножување температура,терен или присуство на други предатори времето ќе си го каже своето.

Страна 211 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/